Според последните податоци од Сојузот на синдикати на Македонија, 25.000 работниции земаат минимална плата, а 10 илјади помалку од 22.567 денари.
- Нечовечки е 25.000 работници да примаат минимална плата од 22.567 денари, а 10 илјади работници да примаат плата од еден денар до 22.567, вели Трендафилов во услови кога основни животни трошоци секој месец растат.
-За да се покрие една синдикална минимална кошничка, потребни се веќе три минимални плати. Ниту една минимална и една просечна плата веќе не се доволни за ги покријат месечните трошоци на едно семејство. Делот за храна и пијалаци веќе достигна 23.000 денари, што значи дека една минимална плата не покрива ниту леб и вода, вели Трендафилов
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press