Во петок, на 13 декември, ќе започне имплементацијата на Правилникот за забрана на пушење во сите затворени објекти во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ), пренесува Данас.
Правилникот стапи на сила на 13 јуни годинава, но беше оставен простор за угостителските објекти да се приспособат половина година, со оглед на тоа што најголем дел од дискусиите беа за тоа како угостителските објекти ќе се прилагодат на забраната за пушење.
Правилникот за забрана за пушење детално ги пропишува условите за посебните простори и простории за пушење, дефинирајќи ги исклучоците од општата забрана за пушење во ФБиХ.
Она што е важно да се нагласи е дека законот и регулативите дефинирале прецизни одредби за тоа што се’ спаѓа под тутунски производ, така што јасно е разделено дека под поимот пушење цигари не значи консумирање на тутунски производи без чад, односно производи чија употреба не вклучува процес на согорување.
Тоа значи дека во затворени простории ќе може да се користат производи кои, на пример, го загреваат тутунот. Во член 10 од Правилникот се пропишани условите кои мора да ги исполнуваат угостителските објекти кои ќе имаат простор за пушачи.
Меѓу другото, наведено е дека просторот мора да биде уреден така што да не може воздухот загаден од чад од тутун да се влева во друг простор, а површината да не биде помала од 10 метри квадратни.
Дополнително, површината на која е дозволено употребата на цигари не смее да зафаќа повеќе од 20 проценти од вкупната површина на услужниот простор.
Угостителите беа должни и да се погрижат овој простор да не е наменет за премин во други простори, а просторот не смее да вклучува шанк, ниту пак да може да се консумира храна во него. Просторот за пушење мора да биде затворена просторија со целата површина на сите придружни ѕидови и тавани, со врати кои мора самостојно да се затвораат и кои не смеат да бидат отворени. Затворените прозорци и врати се сметаат за дел од ѕидот.
Извор: radiomof.mk