Близначиња и уште едно лемурче се родија во скопската Зоолошка

Близначиња и уште едно лемурче се родија во скопската Зоолошка

01. 04. 2025.

Лемурите од Мадагаскар се еден од најзагрозените видови во светот, бидејќи постојано им се уништува единствениот природен дом од каде што потекнуваат. Но, во Скопје ЗОО и оваа година има убави вести!

- Повторно крајот на март ни донесе феномен кој се јавува кај мајките лемурки, добивме пар близначиња. Дополнително уште една лемурка стана мама. Инаку кај овој вид на животни владее матријархат, односно жената е главна, па ништо поразлично не е и во нивното живеалиште во Скопје ЗОО, соопштија од скопската Зоолошка. 

Зоолошка градина Скопје ќе продолжи да работи на конзервација и покревање на свеста за зачувување на овој вид, додаваат оттаму. 

Извор: skopjeinfo.mk