Овој сок брзо се прави, а е одличен против замор и на телото му дава енергија.
Пролетниот замор погодува многу луѓе поради намален внес на витамини и слаба физичка активност. За да ги победите симптомите, како што се поспаност, омалаксаност и недостаток на енергија, би требало да пиете многу течности со витамин Ц.
Долготраен ефект ќе ви даде комбинацијата од портокал и ленено масло.
Портокалите содржат витамин Ц, калциум и фолна киселина, додека маслото го успорува внесот на овошните шеќери од портокалот во крвта. На тој начин рамномерно се распоредува енергијата во траење од неколку часа.