За потребите на своите погони во република Хрватска имаат потреба од:
ШИВАЧИ (м/ж) - 50 КАНДИДАТИ
Опис на работата: Работа на индустриски машини за шиење на кожни навлаки за внатрешност на автомобили
Образование: Завршено основно училиште и курс за шиење или завршено средно училиште (текстилна или кожарска струка)
Работно искуство: Пожелно е работно искуство во индустријата за шиење од најмалку една година
Број на работници: 50
Место на работа: Трновец Бартоловечки или Златар Бистрица, Република Хрватска
Вид на работен однос: Договор на определено време (една година) со можност за продолжување. Предвиден е пробен период од шест месеци.
Други услови за работа:
- Работникот е осигуран од здравствено и пензиско осигурување уште од почетокот на својата работа и прима плата во опсег од 430 до 650 € (нето) во зависност од видот на работата што ќе ја извршува и должината на работниот стаж што го има. Успешните вработени имаат можност за напредок на позицијата Контролор и Тим лидер.
- Работникот исто така може да има право на бонуси во текот на годината ако ги исполнува условите утврдени од Управниот одбор за вкупно 350 € (нето). Двапати годишно, работниците можат да заработат дополнителни премии за успешност во работата до најмногу 240 € (бруто). Сите работници исто така имаат дополнителни поволности при купување во различни продавници.
- Работата е организирана во една смена, од 6:00 до 14:00 часот.
- Сите работни места се опремени со најсовремени машини, користејќи најсовремени технологии, сите работни простори се уредени според највисоките стандарди во индустријата, се со цел производство на супериорни производи и создавање мотивирачко и продуктивно работно опкружување.