Ќе заштеди време и пари, ќе го намали стресот и загадувањето: Овој град воведува бесплатен јавен превоз за туристите
Актуелно

Ќе заштеди време и пари, ќе го намали стресот и загадувањето: Овој град воведува бесплатен јавен превоз за туристите

06. 04. 2025.

Салцбург во Австрија воведува бесплатен регионален јавен превоз за туристите од 1 мај 2025 година, во рамки на новата програма „Карта за мобилност на гости“ (Guest Mobility Ticket).

Оваа иницијатива има за цел да ги намали сообраќајните метежи, да го промовира одржливиот туризам и да ги подобри услугите на јавниот превоз како за туристите, така и за жителите на австриската покраина Салцбург.

Според донесената одлука, од 1 мај оваа година, туристите во Салцбург нема да плаќаат карти за јавен превоз.
Преку програмата „Guest Mobility Ticket“, туристите ќе добијат бесплатен пристап до целосната мрежа на јавен превоз во покраината Салцбург, која вклучува градски превоз, регионални автобуси, S-Bahn (градско-приградска железница), регионални возови, меѓуградски возови и шатл превозот на Salzburg Verkehr.

Туристите ќе можат да ја користат оваа карта во текот на целиот престој во Салцбург.
Картите ќе бидат достапни во дигитален или хартиен формат, при пријавување или однапред преку нивното сместување во покраината.

Програмата ќе се финансира преку т.н. надоместок за мобилност, кој важи за сите лица што подлежат на туристичка такса.

Во моментов, надоместокот за мобилност изнесува 0,50 евра по лице, по ноќевање за гости постари од 15 години.
Сепак, од 1 мај 2027 година, овој надоместок ќе се зголеми на 1,10 евра по лице, по ноќевање.

Извор: eupravozato.mondo.rs