Безбедноста во сообраќајот треба да биде приорите за сите учесници во сообраќајот. Сепак многу учесници ја загрозуваат сопствената и безбедноста на останатите учесници со практикување на одредени лоши навики.
Доколку сакате безбеден сообраќај ќе мора да се откажете од практикувањето на одредени лоши навики па така доклку безбедноста ви е приоритет никогаш не го правете ова додека возете:
Слушање гласна музика. Слушањето гласна музика е една од најлошите навики на возачите. Слушањето гласна музика придонесува да не ги слушате звучните сигнали од останатите учесници во сообраќајот.
Користење жичани слушалки. Користењето жичани слушалки за време на возењето може да ви направи големи проблеми. Така на пример, при менување на брзината или маневрирање со управувачот, жиците може да направат сериозен проблем на вашите раце. Секогаш практикувајте wi-fi или bluetooth слушалки.
Несигнализирање на промената на насоката. Несигнализирање на промената на насоката или поедноставно кажано некористење на трепкач е најчесто застапената маана кај многу возачи. Оваа лоша навика е честа причина за предизивкување на сообраќајни несреќи. Секогаш, ама баш секогаш користете трепкач и кога нема други учесници во сообраќајот.
Шминкање. Руж, маскара или нешто друго и поглед во огледало. Сето ова е идеален “рецепт” за предизвикување на незгода па макар тоа било и на “црвено”. Никогаш не практикувајте да се шминката додека сте активно вклучени во сообраќајот. Доколку тоа мора да го направите, направете го откако вашето возило ќе го паркирате на крајната дестинација.
Преслекување. Преслекување додека возите е исто како самите да си препишете “смртна” казна. Повеќе од сигурно е дека ќе стигнете до крајната дестинација и доколку на три минути застаните на трета лента и тоа го направите таму.
Пиење и јадење. Автомобилот не е ресторан. Ако треба да јадете и пиете за тоа издвоите пет минути, сопрете го вашето возило на места наменети за тоа, одвојте пет минути и слободно најадете се и напијте се. Храната, а особено пијалоците се многу честа причина за одвлекување на вниманието, особено кога за тоа мораме да ја кренеме главата.
Разговор со патниците. Па добро, не може да се каже дека кога возите дека не треба да зборите со останатите патници и дека целиот пат треба да ќутите. Меѓутоа расправиите и смеењето може во голема мера да ви го одземе вниманието.
Мобилен телефон. И на крајот, најголемиот виновник за сообраќајни незгоди е мобилниот телефон. Многу возачи практикуваат додека возат да го користат својот мобилен телефон, да споделат статус на Фејсбук, да лајкнат фотографија или да направат селфи. Две-три секунди со поглед во вашиот телефон при возење со брзина од 100 км/ч може да значи и резервирано место под земја.
На горенаведените лоши практики може да се наведе и рачното отворање на совозачкиот прозор, оставање и земање предмети од ташна, гледање на страна додека возите како и подесување на радиото.