Веб програмер сакајќи да внесе малку хумор во целата ситуација, се обидел на им го реши проблемот на многумина и да проба да ја намали паниката за купување залихи.
Како резултат на глобалното купување тоалетна хартија, лондонскиот веб програмер Дејв Стјуарт смислил калкулатор кој ќе ви покаже колку ролни тоалетна хартија ви се потребни.
Бесплатната онлајн и мобилна апликација "Got paper?" ќе ви постави неколку едноставни прашања, па според добиените информации ќе ви пресмета колку тоалетна хартија ви е навистина потребна.
Во наредните неколку дена се очекува апликацијата да биде преведена на неколку јазици, вклучувајки го италијанскиот и кинескиот, пишува Insider.
Сакав да направам нешто што ќе и помогне на нашата заедница овие овие тешки моменти, а во исто време ќе ја олесни целата ситуација со малку смеа. Во вакви моменти важно е да се запамти дека треба да си помагаме едни на дури, а преку купување на масовни резерви не му помагаме на никој, изјави Дејв за Insider.
Доколку ве интересира да ја тестирате, апликацијата можете да ја пронајдете ТУКА.