Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја покажаа својата хуманост откако се решија на чекор со кој платите ќе им бидат намалени за 20% во следниот период.
Фактот дека ситуацијата со корона вирусот си го зема својот „данкот“ во секој аспект од секојдневното функционирање беше пресудно за фудбалерите да се одлучат на овој чекор.
Со овој потег фудбалерите сакаат да им помогнат на останатите вработени во клубот. Целта на намалувањето на нивните плати е никој да не остане без работа.
Ваквиот хуман гест значи и можност за 850 вработени да си ги задржат своите работни места.
Секоја чест!