Кај соседите нови мерки:Пензионерите ќе можат да излегуваат само три дена во неделата

Кај соседите нови мерки:Пензионерите ќе можат да излегуваат само три дена во неделата

14. 04. 2020.

Србите ги заоструваат мерките

Нови мерки за пензионерите
 
Српскиот претседател  Александар Вучиќ најави дека може да се очекува одлука во текот на следната недела со која ќе им се овозможи на најстарите граѓани да излезат надвор трипати неделно, но само половина час, и тоа на 300 метри од дома.
 
- Сега бараме начин да им овозможиме да излезат барем три пати неделно, но за тоа мора да издвоиме осум часа, за да не ги ставиме сите во еден час, два или три, што би било катастрофално, освен ако не е рано наутро - рече Вучиќ.
 
Тој додаде дека времето за пензионерите сигурно би било за време на полицискиот час, бидејќи тие не треба да бидат во контакт со другите.