Криза, мерки, намалени плати, затворени фирми, отпуштања... Што донесе пандемијата?
Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 немилосрдно остава последици во економијата... Намален обем на работа, намалени плати, отпуштени работници, затворени фирми за жал се реалноста за македонските претприемачи. Направивме анкета во која ги прашавме корисниците на нашиот сајт "Како влијаеше на вашиот работен процес кризата предизвикана од Ковид-19?"
Резултатите покажаа дека повеќе од половина од анкетираните одговориле дека останале без работа. Од коментарите може да видиме дека има и ситуации во кои цели семејства останале без работа и приходи, а не им следувала ниту државна помош.
Голем дел од испитаниците (21%) добиле и значително намалување на платата или минимална плата.
Кај 19% од испитаниците немало никакви промени и тие го задржале работното место.
За сите оние кои останале без работа, нашиот тим од регрутери ви стои на располагање да ви помогне при креирање профил, CV и се што ви е потребно за успешна потрага по нова работа. За повеќе информации јавете се на телефонот 071 305 939, секој работен ден од 08-16 часот.