Кои обуки ги нуди Data Masters?
Доколку имате од 18 до 29 години можете да добиете ваучер од 30.000 денари за обука во доменот на Data Science и Business Intelligence. Знаењето кое ќе го стекнете, ќе можете да го примените речиси во сите индустрии и тоа на најбараната позиција во светот за 2020 година.
Добредојдени се сите кои се заинтересирани во областа, со или без претходно IT искуство, основачи или менаџери на мали и средни претпријатија, како и студенти од техничките или бизнис факултетите од Македонија.
Сите обуки достапни со ваучер може да ги видите на ЛИНКОТ.

Data Masters е првата и единствена македонска компанија која е специјализирана за Data Science и Business Intelligence, работејќи со клиенти од целиот свет.
Академијата и обуките во Data Masters ги одржуваат обучувачи со богато меѓународно искуство од областа на Artificial Intelligence, Data Science, Machine Learning и Business Intelligence.
Како да аплицирам за обука со ваучер во Data Masters?
Аплицирањето е едноставно, се што треба да направите е да ги следите чекорите објаснети во видео водичот за апликација:
За сите прашања и помош околу креирање профил на WEB страната uslugi.gov.mk, како и чекорите и аплицирање за ваучерот на располагање Ви е тимот администратори на Data Masters кои веднаш може да ги добиете на телефонскиот број 078 282 923.
Биди дел од индустријата која го менува светот...

