Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора во петокот донесе одлука да им овозможи на жителите од сите земји во регионот и жителите на Соединетите држави да влезат во Црна Горасо направен PCR или ELISA тест. Исто така, донесена е одлука да им се овозможи на угостителските објекти да работат до 1 часот по полноќ.
Граѓаните на САД, Србија и Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, како и граѓани на Црна Гора кои престојувале во овие земји, можат да влезат во Црна Гора под следниве услови:
– Во период од 15 дена пред влез во Црна Гора да не престојувале во некоја од државите од кои не е дозволен влез во Црна Гора.
Обврскaта за поседување на тест не се однесува на деца до навршени пет години.