Доделени HR наградите за 2019 година од Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси

Доделени HR наградите за 2019 година од Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси

19. 11. 2020.

Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси успешно го спроведе настанот за доделување на HR наградите за 2019 година

Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси успешно го спроведе настанот за доделување на HR наградите за 2019 година. Поради условите наметнати од ситуацијата со ковид-19, настанот за прв пат го организиравме во онлајн формат. На настанот кој се одржа на 17ти Ноември, беа доделени следните награди во три категории:

- HR менаџер за 2019 година: Наградата ја понесе Ана Костовска од Нептун Македонија.

- Млад HR ентузијаст за 2019 година: Наградата ја понесе Дениз Димовски од Пивара Скопје.

- Најдобра HR практика за 2019 година: Присутните на настанот ја избраа практиката "А1 Флекси", одговорно Јовица Свилар од А1 Македонија.

Воедно, на настанот, исто како и во претходните години, најпосетуваниот сајт за барање работа и партнер на МАЧР, Vrabotuvanje.com, ја додели наградата за најпосетуван огласувач на нивната веб страна. Носител на наградата оваа година е компанијата Костал.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е најпосетуван огласувач за 2019/2020 година

На сите добитници на наградите би сакале да им ги честитаме наградите и да им посакаме многу понатамошни успеси во доменот на нивната работа.