Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси успешно го спроведе настанот за доделување на HR наградите за 2019 година. Поради условите наметнати од ситуацијата со ковид-19, настанот за прв пат го организиравме во онлајн формат. На настанот кој се одржа на 17ти Ноември, беа доделени следните награди во три категории:
- HR менаџер за 2019 година: Наградата ја понесе Ана Костовска од Нептун Македонија.

- Млад HR ентузијаст за 2019 година: Наградата ја понесе Дениз Димовски од Пивара Скопје.

- Најдобра HR практика за 2019 година: Присутните на настанот ја избраа практиката "А1 Флекси", одговорно Јовица Свилар од А1 Македонија.
Воедно, на настанот, исто како и во претходните години, најпосетуваниот сајт за барање работа и партнер на МАЧР, Vrabotuvanje.com, ја додели наградата за најпосетуван огласувач на нивната веб страна. Носител на наградата оваа година е компанијата Костал.

На сите добитници на наградите би сакале да им ги честитаме наградите и да им посакаме многу понатамошни успеси во доменот на нивната работа.

.jpg)