Компанијата најави дека ќе им овозможи на 30.000 вработени ширум светот засекогаш да работат од дома
Во јули, вработените во Форд ќе можат да се враќаат во канцелариите за работни задачи за кои е потребно присуство на состаноци или за заеднички проекти. Тие, исто така, можат да изберат да работат од дома, ако станува збор за која било друга задача. Флексибилното работно време за вработените кои работат од дома ќе треба да биде одобрено од менаџерите на Форд.
Форд исто така формира конзорциум кој треба да ги утврди можните сценарија за работа од дома. Во јуни 2020 година, истражувањето на Форд откри дека 95 проценти од нивните вработени би сакале комбинација од работна средина и работа од дома.
Зошто потегот на Форд е значаен?
Откако Фејсбук и другите компании објавија дека размислуваат да овозможат работење од далечина, автомобилскиот сектор сè уште нема ниедна компанија, освен Форд, кој формално објави дека работата од далечина станува постојана, барем за дел од нивната работна сила.
Toyota и General Motors најавија дека ќе ги вратат вработените кои работеле далечински на своите работни места во јуни или јули.
Некои работодавци, како „Таргет“, ги намалуваат работните места. Компанијата ја затвора својата канцеларија во центарот на Минеаполис, поради што вработените сега работат од далечина. Форд планира да продава згради и да ги консолидира работните простории по одлуката да работат 30.000 вработени од далечина.
Општиот тренд е дека работа од далечина ќе стане трајна, дури и по пандемијата, покажуваат анализите на страницата за вработување „Indeed“. Oгласи за вработување од далечина се зголемија двојно од почетокот на пандемијата Ковид-19 и овој тренд продолжува.
Ова е невообичаено бидејќи бројот на вакцинирани се зголемува, додека објавувањето на работата на далечина продолжува да расте.