Истражувањето е спроведено во соработка со Универзитетот во Калгари, а еден од членовите на истражувачкиот тим на агенцијата НАСА е и д-р Бен Тутоло.
„Откривањето на големи наслаги на јаглерод во кратерот Гејл претставува и изненадување и важно откритие во разбирањето на геолошката и атмосферската еволуција на Марс,“ вели д-р Тутоло.
Кјуриосити е на Марс од 2012 година и има поминато повеќе од 34 километри, пренесува порталот odrzime.rs, повикувајќи се на истражувањето на Универзитетот во Калгари. Наодите укажуваат дека атмосферата на Марс некогаш содржела доволно CO₂ за постоење на течна вода, но со текот на времето ја изгубила способноста да ја задржи топлината.
„Тоа ни кажува дека планетата била погодна за живот и дека моделите за хабитабилност се точни,“ истакнува Тутоло и заклучува: „Нешто му се случило на Марс што не му се случило на Земјата.“
