Јавен повик за невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование

Јавен повик за невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование

26. 03. 2021.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Ве известува дека во тек е Јавниот оглас за мерката Практиканство која се имплементира согласно Оперативниот план за активни програми и мерки и услуги на пазарот на трудот за 2021 година

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Ве известува дека во тек е Јавниот оглас за мерката Практиканство која се имплементира согласно Оперативниот план за активни програми и мерки и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.
 
Мерката Практиканство овозможува стекнување на практични работни знаења и вештини потребни за извршување на работни задачи на одредени работни места и е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование.
 
За повеќе информации може да се обратите во работните клубови на 30-те Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на официјалната веб страна на АВРСМ.