Викендов авионско прскање против комарци во Скопје
Актуелно

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

6/25/2026

Градот Скопје известува дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Оттаму посочија дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

„Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје.
 
извор:skopjeinfo.mk