Каде исчезнаа 63.000 луѓе од пазарот на труд во Македонија?
Актуелно

Каде исчезнаа 63.000 луѓе од пазарот на труд во Македонија?

2/22/2026

На прв поглед, пазарот на труд во Македонија изгледа како успешна приказна – невработеноста опаѓа, вработеноста расте, а статистиката испраќа оптимистички сигнали. Но зад таа слика се крие прашање што станува сè погласно: дали навистина се отвораат нови можности или едноставно луѓето исчезнуваат од системот?

Во последните години, официјалните податоци покажуваат тренд што на површина ветува стабилизација. Сепак, кога подлабоко ќе се погледне структурата на пазарот на труд, станува јасно дека дел од работоспособното население повеќе не се појавува ниту како вработено, ниту како невработено. Тие не се во пензија, не се дел од помладата популација – тие едноставно ги нема во евиденциите.

Дали ова е последица на иселувањето, на обесхрабрени граѓани што престанале да бараат работа или пак на ширење на сивата економија која останува надвор од официјалната статистика?

Оваа дилема отвора пошироко прашање – дали Македонија ја намалува невработеноста или постепено ја губи работната сила. Зашто вистинската слика за пазарот на труд не се чита само од процентите, туку од тоа кој останува, кој заминува и кој повеќе не верува дека тука има шанса.

Од 2017 година наваму бројот на вработени пораснал за околу 37.000 лица, а на невработени е намален за околу 100.000. Каде се 63.000 лица кои не се вработиле, а сепак ги снема од евиденцијата на невработени?

Ова не е само статистичка „дупка“. Ова е приказна за демографија, миграции, разочарувања и состојби што ја обликуваат иднината на државата.

Да ја ставиме статистиката на маса:

  • Од 2017 до третиот квартал од 2025 година бројот на вработени е зголемен од 668.958 на 706.165.
  • Во истиот период, бројот на невработени е намален од 191.728 на 91.765 лица.
  • Од овие околу 63.000 статистички исчезнати граѓани, скоро сите се на возраст од 20 до 64 години, што значи не отишле во пензија ниту пак се зголемил бројот на децата.
  • Индикативно е дека кај младите на возраст од 25 до 35 години, бројот на вработени за 8 години е дури и намален за 5.800 лица, а бројот на невработени е намален за 28.093 лица.
  • И кај граѓаните на возраст од 35 до 45 години е критично. Бројот на вработени е зголемен за 5.371 лице, а на невработени е намален за 16.000.

Целиот текст прочитајте го на: pari.com.mk