Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата
Актуелно

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

3/19/2026

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

Јајцата поскапеле за 5 до 10 отсто, маслото до 5 проценти. Ова е констатирано во контролите кои изминативе седум дена ги направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Од инспекторатот велат дека дури 30 тимови ги скенирале производителите, увозниците, маркетите и генерално цените за сега биле стабилни.

„Ова зголемување е поради растот на цената на суровините на светските берзи.  За околу 15 отсто е поскапено суровото масло, а зголемување е забележано и кај сојата и пченицата поради конфликтот со Украина но и новите случувања на Блискиот исток“, соопштиле од ДПИ.

Исто така, од пазарниот инспекторат соопштиле и дека трговците, барем засега, добиле уверување од производителите дека нема да има поместување кај нивните цени. Контролите на инспекторатот ќе продолжат и во следните две до три недели.

Од финансии побарале и зголемување на дневницата за професионалните возочи. Ако сега им следува 50 отсто – истата да биде 100 %. Или пак, да бидат ослобедени од данокот на личен доход.

Извор: expres.mk