Евтината дневна тарифа ќе се прошири од два на пет часа?!
Актуелно

Евтината дневна тарифа ќе се прошири од два на пет часа?!

5/19/2026

Идејата за анализа за блок-тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов.

– Овој систем на блок-тарифи е донесен во текот на енергетската криза. Оттогаш досега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем што ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ, а државата ја субвенционира, да стигне до граѓаните. Ние сме во нов енергетски период. Енергетиката е динамична, а наша цел, како регулатори, е евтината енергија да дојде до домаќинствата – рече Ристов во телевизиско гостување.

Идејата, нагласи, е да се искористи хиперпродукцијата на електрична енергија од фотоволтаичните централи и да се стави во систем за да може да ја користат граѓаните и зошто ако можеме да дозволиме проширување на евтината дневна тарифа, тоа да се направи од два на пет часа.

– Ноќната тарифа ќе остане, но може ќе се помести периодот, да видиме што ќе покажат резултатите од анализата – потенцира Ристов.

Извор: vecer.press