Како да се истурка месецот? Минималната синдикална кошничка за ноември 65 173 денари
Актуелно

Како да се истурка месецот? Минималната синдикална кошничка за ноември 65 173 денари

11/20/2025

Минималните трошоци на едно семејство за ноември 2025 година изнесува 65.173 денари и е намалена за 371 денари во однос на претходниот месец.

Најмногу пари, односно 23.534 денари се потребни за храна и пијалоци, а потоа образование со 7.159 денари и режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија, греење, станарина 6.130 денари. За облека и обувки се потребни 5.731 денари, за хигиена 2.506 денари, за здравство 1.185 денари.

За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари, за рекреација и култура 5.592 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

Ова значи дека на семејство каде двајцата родители се со плати од по 30.000 денари, ќе им недостасуваат 5.000 денари за да го преживеат месецот за кој се потребни 65.173 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, минималната синдикална кошница изнесува 80.548 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Граѓаните се жалат на скапотијата и велат дека едвај врзуваат крај со крај.

Извор: denar.mk