Скопје оваа есен добива нов мултифункционален комплекс „ТРИАНГЛА“
Актуелно

Скопје оваа есен добива нов мултифункционален комплекс „ТРИАНГЛА“

7/15/2026

Во општина Гази Баба, на булеварот „Александар Македонски“, оваа есен ќе биде отворен новиот мултифункционален комплекс „ТРИАНГЛА“, кој ќе обедини хотел, шопинг парк, ресторани, семејни содржини и деловен простор.

Комплексот се простира на 15.000 квадратни метри, со околу 6.500 квадратни метри комерцијален простор и подземен паркинг со повеќе од 200 паркинг места. Во негов состав ќе функционира и бутик хотелот Three Corners Hotel со 43 соби, конференциски простор, спа и велнес зона, кровна тераса, ресторански содржини и простор за детска игра.

Според инвеститорот Кире Стефанов, целта е да се создаде современа градска дестинација која ќе ги обедини шопингот, гастрономијата, бизнис-настаните и рекреацијата на едно место, нудејќи ново искуство за посетителите од Скопје и од другите градови.

Во комплексот веќе е потврдено присуството на повеќе домашни и меѓународни брендови, меѓу кои се Pepco, Sinsay, LC Waikiki, SPAR, Eurofarm, Tehnomarket, Office Plus, Sara Fashion, Sportlab, Biana Shoes, Aura d’Or Perfumes и Terra Restaurant.

За издавањето на комерцијалниот простор е задолжена компанијата FORTONMKA, Alliance Partner на Cushman & Wakefield за Северна Македонија.

Со оваа инвестиција се очекува отворање нови работни места, дополнителен развој на локалната економија и збогатување на урбаната понуда во источниот дел на Скопје.

Извор: vecer.press