Клучните наоди покажуваат дека 66 проценти од грчките возачи ги користат своите телефони додека возат, 41 процент возат многу уморни, а 10 проценти возат под дејство на алкохол.
Сепак, се наведува дека 97 проценти од нив го опишуваат своето однесување при возење позитивно.
Меѓу возачите на возраст од 16 до 24 години, 48 проценти возат без сигурносен појас, а 16 проценти признаваат дека повремено возат под дејство на алкохол.
Анкетата ја спроведе „Ипсос БВА“, објави грчкиот весник.
Советникот за безбедност во сообраќајот на Грција, Никос Гренселос, повика на подобра едукација на возачите, велејќи дека семејствата мора да дадат пример за безбедно однесување и дека безбедноста во сообраќајот мора да се воведе како училишен предмет, пренесува „Танјуг“.
