Останува уште малку време... Регионалниот саем за вработување трае до вторник на полноќ!
Актуелно

Останува уште малку време... Регионалниот саем за вработување трае до вторник на полноќ!

10/20/2025

Замислете да ја пропуштите шансата за нова работа само затоа што не кликнавте навреме. Затоа, направете го првиот чекор кон промена уште денес и утре и посетете го најголемиот онлајн Регионален саем за вработување, кој е отворен до 21 октомври.

Без разлика дали барате прва работа, размислувате за промена на кариерата или барате подобри можности за професионален развој – сега е вистинскиот момент.

Што ве очекува на саемот:

• Повеќе од 700 активни огласи за работа, поделени во четири категории – Трговија, Технологија, Финансии и Услуги.

• Истражете ги штандовите на работодавачите – дознајте кои компании вработуваат и претставете се преку директен разговор (чат).

• Аплицирајте брзо и едноставно на огласите што ве интересираат.

• Следете совети и настани со корисни информации за успешна апликација и претставување пред работодавачите.

На саемот учествуваат водачки компании од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, од различни индустрии – туризам, технологија, индустрија, финансии и услуги.

Сè што ви е потребно е интернет конекција, мотивација и неколку минути време за да го направите првиот чекор кон нова професионална можност.

Посетете го Регионалниот саем за вработување и дознајте кој е вашиот следен чекор во кариерата.

Не чекајте – новата работа ве очекува, а саемот е отворен уште само до утре на полноќ!