Во рамки на годишната програма, вработените учествуваа во менаџерски обуки, обуки за заштита на лични податоци, работни односи и напреден Excel, преку кои ги надградија своите професионални вештини, ја подобрија меѓусебната комуникација и ја зголемија ефикасноста. Особено значајна беше интерната обука за над 700 вработени на уплатни места и автомат клубови, која придонесе за унапредување на стандардите, квалитетот на услугата и зајакнување на тимската поврзаност.
Фокус на лидерите на терен – обуки за шефовите на автомат клубовите
Особено внимание во 2025 година беше посветено на обуките за шефовите и одговорните лица на автомат клубовите, како клучни носители на организациската култура и директни лидери на терен. Преку специјализирани интерни и екстерни обуки, фокусирани на управување со тимови, комуникација и решавање на предизвици во реални ситуации, овие колеги ги унапредија своите комуникациски и лидерски вештини. Обуките беа осмислени со практичен пристап, овозможувајќи размена на искуства, работа на конкретни примери и зајакнување на улогата на шефовите како мотиватори, организатори и поддршка за своите тимови.
Знаењето како трајна вредност
Со континуирано инвестирање во обуки и развој, Mozzart Македонија останува доследна на својата визија – да создава стабилна, професионална и мотивирана работна средина, во која секој вработен има можност за раст и напредок. Веруваме дека вложувањето во луѓето е најсигурната инвестиција, затоа што токму преку нивното знаење, посветеност и лидерство се градат долгорочните резултати и успехот на компанијата.
ПР објава
