Фокус на квалитет и иновација
Фортекс е препознатлив бренд кој доследно нуди производи со висок квалитет, создадени во согласност со највисоките стандарди и потребите на модерниот потрошувач. Но, освен посветеноста на клиентите, оваа компанија се издвојува и по грижата за своите вработени, што претставува суштински дел од нејзината деловна стратегија.
Луѓето се срцето на компанијата
Она што ја прави Фортекс посебна е вистинската грижа за човечкиот капитал. Компанијата верува дека мотивиран и задоволен тим е клучен фактор за успех, и затоа постојано инвестира во создавање пријатна, продуктивна и поддржувачка работна средина. На вработените им се нудат:
• Конкурентни и редовни плати
• Тим билдинг активности и патувања
• Можност за користење службени возила за лични потреби
• Флексибилност и поддршка за професионален развој
• Пристап до здравствени и други бенефиции
„Нашите вработени не се само дел од компанијата – тие се срцето на Фортекс. Нивната благосостојба, мотивација и професионален развој се наш приоритет,“ – велат од менаџерскиот тим.
Поглед вперен кон иднината
Со јасна визија и амбиција, Фортекс продолжува да инвестира во истражување, развој и проширување на своето присуство на меѓународните пазари. Притоа, компанијата останува доследна на принципите на етичко, одржливо и општествено одговорно работење, со фокус на унапредување на здравјето и благосостојбата на поединците и заедницата во целина.
Фортекс Нутрасеутикалс ДОО Скопје е синоним за иновација, квалитет и грижа – компанија која создава вредност не само преку производите, туку и преку односот кон луѓето.
Компанијата нуди прекрасна можност за вработување на мотивиран МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК кој ќе работи во тимска средина.
За повеќе информации:
contact@fortex.mk
www.fortex.mk
