Ќе се казнува за поминување на жолто светло
Актуелно

Ќе се казнува за поминување на жолто светло

12/7/2025

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во интервју за „Република“ појасни дека жолтото светло на семафорот служи како сигнал за подготвување на возилата да застанат, а не како дозвола за продолжување со возење. Тој посочи и дека на повеќето сообраќајници во Скопје зеленото светло трепка три пати пред да се вклучи жолтото, што им дава дополнителна најава на возачите.

Според законските одредби, жолтото светло означува дека возачот треба да ја намали брзината и да се подготви да запре. Исклучок е ситуацијата кога возилото веќе навлегува во раскрсница на зелено светло, а во тој момент се менува сигнализацијата – во таков случај системот за санкционирање не регистрира прекршок.

Топаловски објасни дека камерите имаат точно утврдена зона на снимање и дека прекршок се евидентира само доколку возилото навлезе во раскрсницата по вклучување на црвеното светло. Како доказ служи снимката на која се гледа регистрациската табличка во раскрсницата заедно со сигналот за забрана на движење.

Тој додаде дека почитувањето на сигнализацијата е клучно за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а жолтото светло треба да се сфати како предупредување за навремено запирање.

Извор: skopjeinfo.mk