Во овој квартал се регистрирани вкупно 8.369 трансакции (купопродажби и закупи), што претставува раст од 7,9% во однос на првиот квартал. Вкупно се продадени недвижности со површина од над 7,8 милиони метри квадратни во вкупна вредност од над 21,5 милијарди денари.
Скок во продажбата на новоградби (станови и куќи од инвеститор)
Во вториот квартал се реализирани вкупно 977 продажби од инвеститор (зголемување за 236 новоградби споредено со Q1):
- Станови: Продадени се 943 нови станови, што е раст на брокето за 37%, додека нивната вкупна финансиска вредност пораснала за дури 43%.
- Куќи: Продадени се 34 нови куќи – раст на бројот за 13%, со зголемување на финансиската вредност од 22%.
Топ локации по општини
- Најмногу продадени станови: Општина Аеродром со вкупно 297 станови.
- Најмногу продадени куќи: Општина Битола со вкупно 64 куќи.
- Најмногу продаден деловен простор: Општина Центар со 33 деловни простори.
- Најмногу земјоделско земјиште и шуми: Општина Куманово со 79 купопродажби.
- Најмногу продадено градежно земјиште: Општина Куманово со 45 купопродажби.
Извор:4news.mk
