Винком: Успешна приказна повеќе од три децении
Успешни бизнис приказни

Винком: Успешна приказна повеќе од три децении

10/9/2025

Фирмата Винком е основана 1992 година, и веќе 33 години работи единствено како дистрибутер на американската компанија Kirby, при што го продава Kirby системот за одржување хигиена и нуди на своите корисници целосна палета на потрошен материјал, сервисни услуги и инструкции за правилно користење.

Винком е основан од страна на Теодора Поповиќ, која успешно ја водеше компанијата до 2002 година. По нејзиното пензионирање фирмата ја превзема нејзиниот син Владимир Поповиќ, кој исто така успешно ја раководи до денешен ден. 

Kirby системите имаат традиција подолга од еден век, со тоа што првиот уред е создаден во 1914 година од Џим Кирби во САД, со цел да се олесни одржувањето на хигиената во домот. Денес, тие се познати по својата робусна изработка, мултифункционалност и долговечност. Еден Kirby уред заменува повеќе апарати за чистење, благодарение на системот на додатоци кој овозможува длабинско чистење, одржување на мебел, душеци, теписи и подови. Оваа комбинација на квалитет и иновација е причината зошто милиони корисници ширум светот и денес му веруваат на Kirby.

Претставници на повеќе генерации на прослава по повод 30 години постоење на Винком 

Покрај продажба на Kirby системот, Винком е успешен промотер на Kirby приликата и успеа преку посветена и коректна работа позитивно да ги промени животите на многу луѓе давајќи им ја Кирбиевата школа во директна продажба која датира од 1914 година и можноста на етичен начин да се дојде до солидна заработка и кариера на територијата на Македонија, Бугарија, Косово и Албанија.

Денес Винком е успешна компанија, која на територија на Македонија има повеке од 20,000 корисници како и позитивни и амбициозни вработени кои секогаш стојат на располагање на своите клиенти бидејќи нашето мото во сите овие години е: „Задоволниот клиент е наша најголема реклама“.

Дали ќе се одлучите да набавите Kirby од Винком или да бидете дел од тимот на Винком, бидете сигурни, одлуката е правилна.

Во моментот, Винком имаат активна работна позиција: 

Продажен Агент
линк за повеќе детали и аплицирање