УЈП: Апликацијата за „МојДДВ“ работи забавено
Актуелно

УЈП: Апликацијата за „МојДДВ“ работи забавено

6/12/2026

По реакцијата од повеќе граѓани дека неможат да ги скенираат сметките затоа што не можат да воспостават конекција, од Управата за јавни приходи денес известува дека МојДДВ апликацијата е со повремени забавувања и дека тимовите работат на решавање на проблемот.

- Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање, соопштија од УЈП.

Граѓани реагираа дека во последните два дена неможеле да воспостават конекција за скенирање на фискалните сметки.

Извор: faktor.mk