Од денеска, граѓаните ќе се снабдуваат со поевтини горива на продажните места на најголемите нафтени компании во земјава. Цените на горивата се за два до три денари пониски од максималната цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.
Ова доаѓа како директен резултат од понудата на една од компаниите која им овозможи на трговците да купуваат нафтени деривати по пониски цени за два денари. Засега, ваквата одлука ќе биде на сила до крајот на март.
