Од вкупно 10.411 прекршоци, 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, а само во август биле санкционирани 606 прекршоци. Во истиот период биле одземени 20 електрични тротинети.
Најголем дел од прекршоците, 7.303, се однесуваат на некористење заштитен шлем, додека 718 се за управување по несоодветна површина, 401 за нерегистрирани возила или возила без осигурување, а 322 за некористење рефлектирачки елек.
Евидентирани се и 81 прекршок за управување од лица помлади од 18 години и 45 за управување под дејство на алкохол.
Во акциите биле откриени и 619 кривични дела, од кои најголем дел – 604 – се однесуваат на управување без возачка дозвола.
Вкупно се одземени 423 превозни средства, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.
Дополнително, податоците од анализа на сообраќајни несреќи во Англија и Велс покажуваат дека возачите на електрични тротинети имаат трипати поголема веројатност да добијат трауматска повреда на мозокот во споредба со мотоциклистите.
