Маглата одложи неколку слетувања на скопскиот аеродром
Актуелно

Маглата одложи неколку слетувања на скопскиот аеродром

20. 12. 2025.

Скопје претпладнево е покриено со магла. Како што беше најавено од УХРМ, денеска во главниот град ќе има сончеви периоди, но во поголем дел од денот во скопската котлина ќе има густа магла.

Видливоста е намалена, поради што дел од летовите на скопскиот аеродром се пролонгирани. Неколку полетувања и слетувања од и на аеродромот се одложени за одредено време, а сите информации за летовите може да ги пронајдете на следниов линк

Согласно моменталните информации, откажано е слетувањето од Истанбул на компанијата „A Jet“, а доцнат неколку летови од Виена, Дортмунд, еден лет од Истанбул...

Се очекува временските прилики да не предизвикаат сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот од скопскиот аеродром. 

Извор: skopjeinfo.mk