Според годишниот извештај на компанијата за патничко осигурување „Berkshire Hathaway Travel Protection“, Монтреал е прогласен за најбезбеден град за туристи, додека второто и третото место им припаднаа на Цирих и Амстердам.
Меѓу првите десет се најдоа и Рејкјавик на петтото место, Осло на шестото и Венеција на осмото место.
Листата на 15 најбезбедни градови ја дополнуваат:
-
Даблин – 11. место
-
Копенхаген – 12. место
-
Барселона – 13. место
-
Париз – 15. место
Од градовите надвор од Европа и Канада, високо се рангираа Токио, Сингапур, Сиднеј, Хонолулу и Сан Франциско.
Како се одредува безбедноста?
Рангирањето се базира на искуствата на илјадници патници во изминатите пет години, како и на податоци од меѓународни индекси за безбедност, криминал и мир.
При оценувањето се земени предвид здравствената заштита, јавниот превоз, ризикот од тероризам, безбедноста при ноќно движење и заштитата на ранливите групи.
Сепак, високото место на листата не значи дека градовите се целосно без ризици. Туристите и понатаму треба да внимаваат на џепчии и други вообичаени опасности, особено на прометните туристички локации и железничките станици.
Во извештајот се рангирани и најбезбедните држави за патување, а првите три места ги зазедоа Канада, Нов Зеланд и Австралија.
