Најдолгиот прекин е најавен во општина Петровец, каде делови од улиците 1 и 5, како и Киппер маркет, ќе останат без електрична енергија во периодот од 08:00 до 15:00 часот. Тоа значи дека корисниците на овие локации ќе бидат без струја седум часа.
Планирано исклучување ќе има и во општина Кисела Вода, поточно во населбата Драчево.
Таму без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата Ваташа, а прекинот е предвиден од 09:00 до 14:00 часот.
Од надлежните информираат дека прекините се поврзани со претходно планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа.
