
Оваа година, конференцијата ја носеше емотивната порака „Блиску до луѓето, силни во бизнисот“ – слоган кој не беше само тема на настанот, туку срцето и душата на целата средба. Оваа порака ја потврдува длабоката филозофија на компанијата: успешните компании не се препознаваат само по тоа што го продаваат, туку по луѓето кои со својата енергија, труд и посветеност го градат секој успех.
Конференцискиот дел, беше поделен во три работни сесии и беше исполнет со продуктивни дискусии, презентации на нови идеи и анализа на постигнатите резултати. Фокусот беше ставен на натамошно подобрување на услугите за клиентите, дигитализацијата и јакнењето на позицијата на пазарот.
„Талентот создава идеи, посветеноста ги претвора во резултати, а заедништвото гради компании што траат!“ – беше една од главните пораки што оддекнаа за време на официјалниот дел.
Како посебен и најемотивен момент од конференцијата, следеше официјалното доделување на годишните награди. Со огромна благодарност за посветеноста и остварените резултати, беа прогласени и наградени најефективните и најдобрите М КЕШ Подружници за изминатиот период.
Покрај тимските достигнувања, компанијата оддаде посебно признание и на индивидуалниот труд. Најдобрите поединци, кои со својата истрајност, посветеност и професионализам остварија врвни резултати, беа наградени со ексклузивни патувања– како искрена благодарност и валоризација на нивниот клучен придонес во растот и успехот на М КЕШ.
По завршувањето на официјалниот дел и свеченото врачување на признанијата, следеше посебен сегмент посветен на дружењето и релаксацијата. Учесниците имаа можност да уживаат во специјално организираната посета на импресивниот вински комплекс AYA Estate Vineyards, која е дел од истата групација
Тимот уживаше во специјално организираната обиколка на винаријата, незаборавниот природен амбиент и искреното дружење. Секако, неизбежен дел од ова искуство беше дегустацијата на специјално одбраните премиум вина, каде што совршената комбинација на врвната капка и креативно подготвените специјалитети од традиционалната и интернационалната кујна ги воодушеви и најпребирливите гурмани, будејќи хедонистички моменти кои уште долго ќе се паметат.
Свечената вечера и забавата беа совршен крај на оваа јубилејна средба. Со многу насмевки, споделени моменти и зацврстени пријателства, тимот на М КЕШ уште еднаш покажа дека заедништвото е нашата најголема сила – подготвени и посплотени од кога било за сите идни деловни успеси.
Со оваа 7-ма конференција, М КЕШ уште еднаш докажа дека вложувањето во луѓето и зачувувањето на силните тимски вредности се главниот мотор на нејзиниот долгорочен успех.

.jpg)
.png)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)