Ова е дополнителна давачка покрај царината од 3 евра, која веќе се применува за одредени мали пратки. Новата такса ќе ги покрива трошоците за ракување, контрола и безбедносни проверки на пакетите.
Мерката е насочена кон огромниот број евтини онлајн пратки, особено од платформи како Temu, AliExpress и Shein. Само минатата година во ЕУ биле обработени околу 6 милијарди мали пратки, од кои над 90% потекнувале од Кина.
Европската комисија смета дека новите правила ќе помогнат да се намалат трошоците за царинските служби и да се обезбедат порамноправни услови за европските компании.
Пред да стапи во сила, мерката треба да ги помине и преостанатите процедури во ЕУ.
