И покрај рекордните цени, градежниот бум не запира. Само во мај годинава издадени се 469 дозволи за градба – зголемување од 80% во споредба со истиот месец лани. Планирана е изградба на над 1.000 станови со вкупна површина од 90.000 квадратни метри, најмногу во Скопје и Тетово.
Според податоците на Народната банка, во последните 12 месеци цените на становите пораснале за 22,3%, а од 2021 до денес – за 75%. Во некои делови на Охрид, цената на квадратот достигнува и 4.000 евра, што е рамно на луксузните зони во европските метрополи.
Пописот од 2021 година откри дека во Скопје има речиси 60.000 празни станови, а за четири години се изградени уште илјадници. Експертите предупредуваат дека големата побарувачка и готовинските плаќања го одржуваат трендот на раст на цените, без знаци на забавување.
Ако ви се чини скапо купете си викендичка во Грција еве како- ТУКА ПРОЧИТАЈ
