Тиндер ја менува играта: Наместо сами, сега можете на дејт со пријатели
Актуелно

Тиндер ја менува играта: Наместо сами, сега можете на дејт со пријатели

01. 10. 2026.

Тиндер тестира нова функција „Групни дружења“, со која корисниците ќе можат да организираат состаноци во друштво, наместо класични средби еден на еден.

Корисникот прво избира активност, како на пример куглање, а потоа поканува најмалку двајца пријатели во својот тим. Откако групата ќе има најмалку тројца членови, нејзиниот профил се појавува за други групи со слични интереси.

Ако некој од едната група „лајкне“ член од другата и реакцијата е возвратена, се отвора заеднички чет за договарање на излегувањето.

Функцијата моментално се тестира во САД и на одбрани пазари. Со неа Тиндер се обидува да привлече помлади корисници, во период кога апликацијата бележи пад на дневната активност.

Во вториот квартал приходите на Тиндер се намалиле за 1 процент, на околу 457 милиони долари, додека бројот на дневно активни корисници паднал за 4 проценти на годишно ниво.

Доколку тестирањето покаже резултати, групните дејтови би можеле да станат достапни и на други пазари.