Од МВР информираат дека мерката се однесува на сите вработени – и полициските службеници и административниот кадар. Сепак, нето износот што ќе го добијат на сметка ќе варира, во зависност од висината на индивидуалната плата.
Зголемувањето е направено согласно новите пресметки за минималната плата, по што е спроведено линеарно усогласување на платите во рамки на институцијата.
Од Министерството најавуваат дека ова не е единствената промена – со стапувањето во сила на новиот Закон за внатрешни работи, ќе се разгледуваат и дополнителни можности за нов раст на примањата на вработените.
Воедно, од МВР потенцираат дека ваквите мерки се дел од пошироките напори за подобрување на условите за работа и зајакнување на стандардот на полицијата, што директно влијае и врз безбедноста на граѓаните.
