Во централното градско подрачје се спроведуваат повеќе активности со цел подобрување на изгледот и функционалноста на јавните простори.
Мермерни патеки и обновено зеленило во Жена парк
Во Жена парк во тек е реконструкција на пешачките патеки и подните површини. Постојните плочки се заменуваат со мермерни, а паралелно се обновува и урбаната опрема.
Предвидено е дополнително хортикултурно уредување, со кое паркот треба да добие повеќе зеленило и попријатен изглед.
Меѓу најавените активности е и повторното ставање во функција на Вечниот оган кај фонтаната во паркот, кој подолг период не работеше.
Ново осветлување за Камениот мост
Промени се најавуваат и кај Камениот мост, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје.
Во тек се активности за поставување архитектонско осветлување, со кое мостот треба да добие поизразен изглед во вечерните часови.
Повторно ќе проработи фонтаната на плоштадот
Во план е и реактивирање на подната фонтана на плоштадот „Македонија“, која подолг период беше надвор од функција.
Со овие активности се очекува централното градско подрачје да стане поуредено и попријатно за граѓаните и посетителите.
Засега не се наведени конкретни рокови за завршување на сите најавени зафати.
