Не е Швајцарија, ниту Австрија: Овој алпски рај е меѓу топ-дестинациите за 2027 година
Актуелно

Не е Швајцарија, ниту Австрија: Овој алпски рај е меѓу топ-дестинациите за 2027 година

20. 11. 2026.

Словенечката алпска долина Бохињ се најде на листата на 20 најпрепорачани дестинации за патување во 2027 година, според изборот на британскиот медиум Би-би-си.

Ова живописно место, познато по кристално чистото езеро, планинските пејзажи и недопрената природа, привлече внимание и поради новата велосипедска патека што ги поврзува езерата Блед и Бохињ.

Патеката е долга 28 километри, завршена е во средината на 2026 година, а дел од неа минува покрај реката Сава Бохињка и Националниот парк Триглав.

Би-би-си ја издвојува оваа рута како одлична можност туристите да ја истражат природната убавина на регионот на велосипед.

Покрај Бохињ, на европскиот дел од листата се најдоа и Бургундија во Франција, островот Унст во Шкотска, Сардинија во Италија и округот Харгита во Романија.