Дополнително, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.2 %.
Тоа што е најзагрижувачки во моментов е континуираното месечно намалување на индустријата во преработувачката индустрија.
„Според главните индустриски групи, производстото во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 19.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Капитални производи за 2.1 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.
И натаму се чекаат ефектите од проектите кои се финансирани со унгарскиот кредит кои имаа за цел да ја подобрат производната компонента на економиојата на земјава. Приватниот сектор доби 250 милиони евра по поволни услови за враќање, односно грејс период до 3 години, рок на отплата до 15 години и максимален кредит од 10 милиони евра. Како услов за учество на компаниите беше тие да влезат со 20% од вкупната инвестиција.
Извор: denar.mk
