Жичницата на Водно треба да проработи следниот месец, се чека моторот
Актуелно

Жичницата на Водно треба да проработи следниот месец, се чека моторот

12. 11. 2026.

Жичницата на Водно се очекува повторно да биде ставена во функција следниот месец, откако ќе завршат работите за нејзина реконструкција и потребните безбедносни проверки.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во тек е обновата на жичницата и реконструкцијата на кабините. Во меѓувреме, се чека да пристигне моторот кој е испратен на репарирање во странство.

Жичницата беше затворена во мај годинава, откако при увид биле утврдени сериозни недостатоци поради недоволно одржување во изминатите години.

Од Град Скопје најавуваат дека приоритет е безбедноста на патниците, а повторното пуштање во употреба ќе следува по завршувањето на сите неопходни зафати и проверки.