Храна, пијалаци и ноќевања поскапуваат: Еве колку пораснаа цените во октомври
Актуелно

Храна, пијалаци и ноќевања поскапуваат: Еве колку пораснаа цените во октомври

05. 11. 2025.

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година се зголемени за 0.3 % во однос на претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.1 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.1 %. 

Цените во угостителството, по групи, во октомври 2025 година во однос на септември 2025 година се зголемени за:

• 0.2 % кај Храна

• 0.5 % кај Алкохолни пијалаци

• 0.2 % кај Безалкохолни пијалаци

• 0.8 % кај Ноќевања

Извор: biznisinfo.mk