ДС Смит добитник на национална награда за најдобра пракса од областа на безбедност и здравје при работа

ДС Смит добитник на национална награда за најдобра пракса од областа на безбедност и здравје при работа

24. 04. 2019.

Безбедноста на вработените на прво место!

По повод светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Националниот совет за безбедност и здравје при работа на државно ниво секоја година доделува признанија за компаниите со најдобри практики во поглед на безбедноста на вработените.

Оваа година, добитник на таа награда е компанијата ДС Смит за особен придонес во областа на безбедност и здравје при работа во категорија средни претпријатија.

За оваа награда е заслужен целиот тим на ДС Смит АД Скопје, за ангажираноста и придонесот со цел освојување на едно вакво значајно признание за компанијата, велат од менаџментот на компанијата.

Одтаму велат дека ова е само мотив плус за да се продолжи со уште поголема ангажираност и остварување на поголеми успеси.