Според податоците на Евростат, во јануари 2021 година, минималната плата во десет земји - членки на ЕУ била под 700 евра, и тоа сите земји се од Централна и Источна Европа.
По Бугарија (332 евра), најниска минимална плата е забележана во Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584), Полска (614), Словачка (623) и Литванија (642).
Во пет земји, претежно на југот на ЕУ, минималните плати се движеа од 700 до 1.100 евра, почнувајќи од Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) и Шпанија (1.108).
Највисок минималец во ЕУ добиваат граѓаните на земјите од запад и север на Унијата: Франција (1.555 евра), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.685), Ирска (1.724) и Луксембург (2.202).

