Овој тип семафори со камери и сензори, со помош на вештачка интелигенција, на повеќе начини ќе им го олеснат животот на сите граѓани.
Научници објаснија дека оваа технологија собира информации од сензори и камери, а потоа благодарение на вештачка интелигенција, одлучува за најдобриот исход.
Паметниот семафор ќе биде користен и за пешаци бидејќи го адаптира времето на премин за да повозрасните луѓе или лицата со попреченост да имаат доволно време безбедно да преминат улица.
Новите интелигентни семафори би требало да го подобрат протокот на сообраќај за 10 до 15 проценти, а бројот на сообраќајни прекршоци како минување на црвено светло може да биде намален за четвртина.

.jpg)